Почна извозниот шпиц на јагнешко месо

28.03.2017 10:16

Овчарите годинава се жалат на ниските откупни цени и високите производни трошоци поради што бараат дополнителни субвенции за предадено јагне во кланиците. Јагнешко е трет извозен земјоделски- прехранбен производ во земјава кој на годишно ниво носи заработка од скоро 13 милиони евра.

Првите денови од извозниот шпиц на јагнешкото за велигден ги разочараа овчарите. Во моментов трговците нудат од 100 до најмногу 140 денари за килограм жива мера, додека ланската цена во ова време достигнуваше и до 150 денари.

Освен за велигденскиот шпиц овчарите се надеваат дека нешто ќе може да се спаси и доколку се прифати нивното барање за воведување нова мерка за дополнителни субвенции за продадено јагне во регистрирани кланици во висина од 40 денари за килограм жива мера.

Oвчарството е трето по ред во извозот на земјоделските прехранбени производи во нашава земја.

Годишно во просек се продаваат скоро 2.500 тони јагнешко и овчо месо, во вредност од 13 милиони евра.

Лани во Македонија биле регистрирани скоро 800.000 овци и јагниња.

 

Методија Трајков