Путин и Вучиќ најавија позитивен натамошен развој на односите меѓу Русија и Србија

28.03.2017 10:31

Путин индиректно ја поддржа претседателската кандидатура на Вучиќ и изрази надеж дека изборите ќе минат на највисоко ниво.

Претседателот на Русија Владимир Путин на средбата со премиерот на Србија Александар Вучиќ во Москва порача дека се надева на натамошен позитивен развој на односите.

Путин индиректно ја поддржа претседателската кандидатура на Вучиќ и изрази надеж дека изборите ќе минат на највисоко ниво.

Српскиот премиер истакнал дека нееговата земја цврсто стои на моделот на воена неутралност.

Покрај политиката и одбраната, и економијата беше тема на билатералната средба. Најавија зголемена трговска размена.