Ердоган ќе организира уште еден референдум, но овој пат за ЕУ

28.03.2017 10:42

Официјална Анкара ги влоши односите со неколку членки на европскиот блок поради забраната за јавни настапи на политичарите на собирите за добивање поддршка за априлскиот референдум...

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган повтори дека Турција по референдумот за проширување на неговите овластувања, би можела да организира и гласање за продолжување на пристапните преговори со ЕУ.

„Турција чека 54 години пред портите на ЕУ. Што ќе се случи ако  на 16 април народот ги изгласа уставните промени? Тогаш нема ни да не примат. Би било добро да одлучат така и да ни ја олеснат работата. Преговоите ќе ги ставиме на маса зашто Турција не е ничие жртвено јагне“, изјави Ердоган.

Официјална Анкара ги влоши односите со неколку членки на европскиот блок поради забраната за јавни настапи на политичарите на собирите за добивање поддршка за априлскиот референдум. Ердоган потенцира дека иако ќе бидат ревидирани политичките и административните односи со Унијата, економската соработка ќе биде задржана.