НБРМ овозможи прекугранични плаќања во евра

28.03.2017 11:22

Се работи за поврзување на македонскиот интербанкарски платен систем со Таргет 2 на евросистемот, со што се креираше алтернативен канал за плаќања во евра.

Македонија го подигна нивото на платежна интеграција со Европската унија. Во Народната банка почна да работи системот за прекугранични плаќања во евра. Се работи за поврзување на македонскиот интербанкарски платен систем со Таргет 2 на евросистемот, со што се креираше алтернативен канал за плаќања во евра.

„Деловните банки коишто имаат дозвола за работење со платен промет со странство и коишто имаат отворено сметки во евра во МИПС на Народната банка, ќе имаат можност за прекугранични плаќања во евра за своите клиенти, правни и физички лица, преку најбрзиот и најбезбедниот платен систем во Европа“- велат од Народната банка.

Со ова ќе се намалат трошоците за прекуграничните плаќања, а ќе имаат придобивки и компаниите и домаќинствата.