Одложено рочиштето за случајот „Шпион“
28.03.2017 11:28
Обвинетиот Марјан Ефремов не беше спроведен од затворот во Идризово, по што судечкиот судија одлучи да го одложи рочиштето за 18-ти мај.

Уште едно одложување на судскиот процес кој се води против петмина обвиниети во случајот „Шпион“. Обвинетиот Марјан Ефремов не беше спроведен од затворот во Идризово, по што судечкиот судија одлучи да го одложи рочиштето за 18-ти мај.
Судењето почнува отпочеток, откако Апелацискиот суд уважи дел од пресудите, некои казни ги преиначи, а за петмина обвинети донесе одлука да им се суди одново.
Првообвинетиот Марјан Ефремов, наместо првичните 15 години робија издржува казна од десет и пол години затвор.
Обвинението го застапува Специјалното јавно обвинителство.
