Новите хидроцентрали ќе отворат нови работни места

09.02.2014 23:33

Решен долгогодишниот  горлив проблем на професионалните војници.Новите хидроцентрали ќе отворат нови работни места

Дилемите расчистени.Со измените на законот за служба во АРМ,сите професионални војници кои до 31 декември лани се пријавиле како невработени ќе добијат работа во државната администрација. Премиерот Груевски вели дека со тоа се решава  долгогодишен проблем.

 (Станува збор за околу 110 лица кои согласно овој закон во наредните 9 месеци ќе бидат згрижени односно ќе им биде понудено работно место  во една од државните институции и на тој начин во целост се решава проблемот со професионалните војници вклучувајќи ги и оние кои во минатото им истекол договорот и останале без работа, рече премиерот Никола Груевски .)

Одговарајќи на новинарски прашања тој гои објасни и повикот за концесија  на 80 нови мали хидроценатрали. Најголем дел ќе бидат дадени под концесија групирани  во 16 пакети, други поединечно. Се очекува странски и домашни инвеститори, а реализацијата  ќе чини 170 милиони евра.

 ( Кога целосно ќе се комплетира , ќе има влијание врз градежниот сектор додека се гради и ќе отвори нови работни места за време на нивната градба, а секако ќе отвори и значајна бројка на нови работни места откако ќе бидат изградени, изјави премерот Никола Груевски).

Груевски го коментираше и предлогот на СДСМ за враќање на персоналниот данок. Вели дека според пресметките, сумата што треба да им се враќа на граѓаните е од 19 до 45 денари, а на тие со најголеми примања 290 денари. СДСМ зборува за враќање на средната класа, а со 19 денари средната класа не може да се врати, смета премиерот.

Автор:Наташа Гркова-Петрушевска