Моќниот циклон во Австралија предизвика лизгање на земјиштето
28.03.2017 11:33
Ветрот со брзина и од 263 км/ч уништи покриви на многу згради.

Циклонот од четврта категорија „Деби“предизвика лизгање на земјиштето во Квинсленд, Австралија и прекин на електричната енергија во 45.000 домаќинства.
Ветрот со брзина и од 263 км/ч уништи покриви на многу згради. Властите го активираа планот за одговор при катастрофа. Над 25.000 луѓе беа евакуирани.
