Нема докази дека Масуд бил поврзан со ИД или Ал Каеда

28.03.2017 11:49

52-годишниот Масуд влета со автомобил во пешаци, а потоа со нож усмрти полицаец. Преходно бил осудуван за физичко насилство, поседување оружје и нарушување на јавниот ред и мир...

Британската полиција не нашла докази дека Калид Масуд, извршителот на лондонскиот напад  во кој усмрти четири лица, бил поврзан со Исламска држава или со Ал каеда.

52-годишниот Масуд влета со автомобил во пешаци, а потоа со нож усмрти полицаец. Преходно бил осудуван за физичко насилство, поседување оружје и нарушување на јавниот ред и мир, но никогаш не бил обвинет за терористички активности.