Унапредување на услугите за социјална вклученост
Колкав е интересот за вработување на лица со специјални потреби? Дали олеснувањата што ги добиваат одредени фирми овозможуваат полесно вработување? Ќе се зголемуваат алтернативните облици за грижа на заедницата за овие лица- велат од нивните организации.

Никој нема интерес да вработува лица со оштетен слух, освен компаниите кои добиваат бенефиции за да ангажираат лица со попреченост, реагираат од националниот сојуз на глуви. Велат, преку вработувањата во Македонски шуми работа добиле некои нивни членови, но уште многу бараат работа.
Граѓаните со инвалидност можат да бидат добри работници, но прифатени се со резерва, велат од здруженијата.
Од Министерствтот за труд и социјална политика велат, државата со помош на ЕУ работи на унапредување на услугите за социјална вклученост каде што освен вработувањето, се врши и деинстуционализација во системот на социјална заштита.
Надлежните велат дека државата ќе продолжи да пружа социјални услуги, но ќе се зголемуваат и алтернативните облици на грижа на заедницата.
Се проценува дека во Македонија околу 200 илјади граѓани имаат некој вид инвалидитет.
Наташа Јанчиќ
