Демонстрантите маршираат веќе 30-ти ден
28.03.2017 13:10
Нема отстапување од барањата- да се отфрли платформата од Тирана и да се зачува унитарноста на државава, велат организаторите.

Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ веќе 30-ти ден продолжува со протестите низ земјава. Нема отстапување од барањата- да се отфрли платформата од Тирана и да се зачува унитарноста на државава, велат организаторите.
Своите црвени линии им ги соопштуваат и на партиите. Вчера минаа пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, денеска покрај Владата и Собранието, и пред СДСМ.
