Продолжува исплатата на субвенциите за земјоделците

28.03.2017 13:17

Исплатата почнува во наредниот период по добиеното позитивно мислење од Антикорупциската комисија и назначувањето на нов директор на Платежната агенција.

За субвенциите во 2017-та владата има обезбедено 100 милиони евра, но поради различното толкување на изборниот законик по последните парламентарни избори дојде до пречки во нивното исплаќање- велат во ресорното министерство.

Исплатата почнува во наредниот период по добиеното позитивно мислење од Антикорупциската комисија и назначувањето на нов директор на Платежната агенција.

Субвенциите во земјоделството за ланската година ќе се исплатат најдоцна до 30-ти јуни годинава.