Продолжи конститутивната собраниска седница
ВМРО-ДПМНЕ и натаму бара отфрлање на Тиранската платформа, како и ним да им припадне претседателското место во Законодавниот дом, како победничка партија. СДСМ и ДУИ тврдат- се прекршува деловникот и се одолговлекува седницата.

Собранието на Република Македонија ја продолжи конститутивната седница за избор на претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата. На дневен ред на седницата е и изборот на претседател на Собранието на Република Македонија.
ВМРО-ДПМНЕ и натаму бара отфрлање на Тиранската платформа, како и ним да им припадне претседателското место во Законодавниот дом, како победничка партија.
СДСМ и ДУИ тврдат- се прекршува деловникот и се одолговлекува седницата. Вчера со 20 потписи го предложија Талат Џафери за местото прв парламентарец.
Во однос на составот на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, според претходно договореното од политичките партии, ВМРО-ДПМНЕ ќе има шест члена, СДСМ пет, а ДУИ и БЕСА по еден член.
Утврдувањето на предлогот за состав на Комисијата за прашања на изборите и именувањата е предуслов за продолжение на конститутивната собраниска седница која почна на 30-ти декември 2016-та година, но беше прекината бидејќи не беше обезбедено парламентарно мнозинство за избор на претседател на Законодавниот дом.
