Лавров: Подобрувањето на односите со САД не е лесно
28.03.2017 14:42
Лавров истакна дека меѓу САД и Русија е можен конструктивен дијалог во врска со кој било билатерален или меѓународен проблем, доколку се заснова на рамноправност, взаемна корист и меѓусебно почитување.

Рускиот министер за надворешни работи Лавров изјави дека не е лесно да се подобрат односите меѓу Русија и САД, но дека Москва е подготвена да даде се од себе за да го оствари тоа.
Лавров истакна дека меѓу САД и Русија е можен конструктивен дијалог во врска со кој било билатерален или меѓународен проблем, доколку се заснова на рамноправност, взаемна корист и меѓусебно почитување.
Според него само така е можно да се унапредат односите меѓу двете земји.
