150-та изведба на „Сомнително лице“ и роденденски маратон на МНТ

28.03.2017 15:27

В сабота култната театарска претстава „Сомнително лице“ ќе ја има својата 150- та изведба. За прв пат премиерно беше прикажа пред 10 години, а низ претставата поминале околу 30 актери. Режисерот Синиша Евтимов вели дека претставата му го променила животот, а за актерската екипа е чест и гордост да се биде дел од „Сомнително лице“.

Култната театарска претстава „Сомнително лице“ од Бранислав Нушиќ в сабота ќе биде изведена по 150-ти пат. Во изминатите 10 години од како е на сцената на Македонскиот Народен Театар, ја погледнале околу 55.700 гледачи. Низ претставата поминале околу 30- тина актери. На режисерот Синиша Евтимов „Сомнително лице“ му го променила животот.

Актерската екипа ќе рече- „Сомнително лице“ е бренд на Македонскиот Народен Театар. Во изминатите години тие имале можност да играат неколку улоги. На јубилејот му се радуваат сите.

Јубилејот на „Сомнително лице“ е вовед во 72- от роденден на МНТ. По тој повод на први април ќе се организира театарски маратон. За 13 часот е закажана претставата „Силјан Штркот Шанца“, во 15 часот „Животот е прекрасен“, а во 21 часот ќе се одигра „Сомнително лице“.

Директорот на МНТ, Дејан Пројковски рече дека дел од парите од продажбата на билетите за 150-та претстава ќе бидат донирани во СОС Детското село.

 

Викторија Милевска