Унапредување на соработката на малите фирми од регионот
Малите и микро претпријатија од регионот недоволно соработуваат. Според заменик шефот на мисијата на Амбасадата на Швајцарија, Томаџан потребно компаниите да откриваат нови пазари, да воспостават нови контакти и партнерства. Проектот на УСАИД за микро и мали претпријатија кофинансиран од Владата на Швајцарија, има за цел вмрежување на компании со цел подобрување на соработкате меѓу компаниите од Македонија и Косово.

Бизнисот да се шири надвор од границите, компаниите да ја задржат конкурентската предност. 50 микро и мали фирми од Македонија и од Косово на заедничка маса, бараа партнери и финансии. Двете страни согласни дека само со динамичен приватен сектор ќе се обезбеди развој на економијата и отворање нови работни места.
И малите компании од информатичките технологии гледаат шанса во мрежното поврзување. Домашна компанија пред неколку години остварила соработка старт- ап германска компанија која произведува софтверски производи.
Проблемите и предизвиците се слични во сите земји. Малите бизниси од регионот недоволно соработуваат, велат од УСАИД, потребна е поголема поддршка.
На тет-а-тет средбите учествуваат македонски и косовски компании од различни сектори.
Дијана Ценевска
