ЕУ награди невладини организации кои работат на подобрување на животот на Ромската заедница

28.03.2017 16:02

Европската унија награди повеќе невладини организации од земјава кои работат на подобрување на животот на припадниците на ромската заедница. Сѐ уште се работи на нивна поголема вклученост во општеството, во економскиот и политичкиот живот. Како клучен елемент се посочува образованието.

Со цел да се зајакне улогата на ромите во граѓанското општество, подобрување на социјалната инклузија и учество во политичките текови, Европската комисија ги додели наградите на неколку ромски организации кои посветено и напорно работеа на своите проекти за подобрување на животот на ромската заедница во целиот Западен Балкан. Од Република Македонија, Ромскиот ресурсен центар и Регионалната Ромска образовна младинска организација се добитници на наградите од  Европската комисија.

Потенцијалот на ромската заедница во политичкиот и општествениот живот не е доволно искористен, иако видовме дека има доста потенцијал. Посебно во социјалната сфера имаме проекти кои можат да ја промовираат интеграцијата и инклузијата на Ромите во општеството“, вели Мустафа Јакупов, Регионална Ромска образовна младинска организација.

Улогата на Ромите во делот на преговорите на проширувањето на ЕУ е навистина значаен, и токму затоа ЕУ става акцент на образованието на ромите како приоритет и воопшто на целата состојба на ромите во Македонија“, изјави Фатос Усаинова, Ромски ресурсен центар.

Оргинална театарска продукција, формирање на младински фудбалски клуб како и работилници се дел од наградените проекти. Генралниот директор на Директоратот за преговори за проширување, Критсијан Даниелсон, истакна дека ЕУ ќе продолжи со одобрување на фондови и стипендии, а таргет ќе бидат пред сѐ младите и децата, нивното образование и поттикнување на нивна поактивна улога во локалните заедници, од што корист би имало целото опшество.

ЕУ преку овие награди придонесува до видливост на ромската популација, чиј потенцијал не е доволно искористен, со цел да се подобри животот во ромската заедница, како и да се истакне политичката важност на инграција на Ромите во процесот на проширувањето.

 

Марина Стојанова- Тонева, постојан дописник од Вашингтон за МРТ