Дискриминацијата врз бремените жени е сѐ почеста
Дискриминација според етничка или политичка припадност, несоодветни услови во затворите- регистрира македонското Здружение на млади правници. Претставен е годишен извештај. Во него е забележана и една се почеста појава, дискриминација врз бремени жени.

Дискриминација на Ромите при патување во странство, дискриминација поради политичка припадност, како и несоодветна здравствена заштита во затворските установи – меѓу главните проблеми со човековите права запишани во извештајот на младите правници. Според нив, алармантна е сѐ позачестената дискриминација врз бремените жени или оние кои изразиле желба да формираат семејство.
Младите правници тврдат дека овие луѓе се соочуваат со тешкоти за докажување на дискриминацијата, нејаснотии во постапките и со судските трошоци. Единствениот случај за дискриминација по политичка припадност го финасира токму Здружението.
Од Здружението на млади правници велат дека политичката криза ги одолговлечува управните постапки, пред се од оние од социјалната заштита и поради тоа голем број жалби заглавиле во Министерството за труд и социјална политика.
Наташа Гркова- Петрушевска
