Почнува реализацијата на Брегзит
28.03.2017 16:38
Според Брисел, официјален Лондон треба да плати околу 60 милијарди евра за разделбата од блокот за да ги покрие пензиите на вработените на заедницата и другите трошоци.

Британската премиерка Тереза Меј утре ќе го активира членот 50 од Лисабонскиот договор, со што и официјално почнува процедурата за излез од Европската унија.
Според Брисел, официјален Лондон треба да плати околу 60 милијарди евра за разделбата од блокот за да ги покрие пензиите на вработените на заедницата и другите трошоци.
Британија ќе сака да ја задржи слободната трговија, но не и да го прифати основниот принцип за слободно движење на работниците.
Согласно членот 50, Велика Британија би требало да престане да биде член на ЕУ во март 2019 година.
