Комисијата за ЕУ во германскиот Бундестаг ќе расправа за Западен Балкан
Меѓу точките на дневниот ред треба да бидат состојбата во Македонија, Босна и Херцеговина, а се очекува да стане збор и за политичката криза во Албанија и ситуацијата на Косово.

Комисијата за европски прашања при долниот дом на Германскиот парламент денеска треба да расправа за состојбите во Западниот Балкан. На седницата на која што не може да присуствува јавноста, се очекува да бидат презентирани информации за земјите од Западниот Балкан.
Меѓу точките на дневниот ред треба да бидат состојбата во Македонија, Босна и Херцеговина, а се очекува да стане збор и за политичката криза во Албанија и ситуацијата на Косово.
Во Комисијата за европски прашања при Бундестагот членуваат 34 пратеници од сите парламентарни партии, од нив најголем дел 17 се пратеници на централно-десничарската сестринска група ЦДУ/ЦСУ, 11 од Социјалдемократите, и по тројца од „Левица“ и „Зелените“.
