Еден месец протести „За заедничка Македонија“

29.03.2017 10:57

Своите црвени линии им ги соопштија и на партиите. Завчера минаа пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, вчеравечер беа и пред СДСМ.

Еден месец протести на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“. Организаторите не отстапуваат од барањата- отфрлање на платформата од Тирана и зачувување на унитарноста на државава.

Своите црвени линии им ги соопштија и на партиите. Завчера минаа пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, вчеравечер беа и пред СДСМ.

Побараа од претседателот Ѓорге Иванов да не дозволува формирање на влада според документ изготвен во туѓа држава и порачаа дека иницијативата „За заедничка Македонија ќе стои зад него сѐ додека тој не отстапува од ставот.

Ги потсетија и пратениците од Собранието на Република Македонија дека не смеат да гласаат за претседател на Собранието, било кој и да e тој, ако претходно истиот не ја осудил и отфрлил Тиранската платформа.

Иницијативата продолжува со протестите сѐ до исполнување на нивните барања.