Американскиот Сенат го одобри влезот на Црна Гора во НАТО

29.03.2017 11:42

За завршување на процедурата за ратификација на протоколот е потребен потпис од претседателот Доналд Трамп чијашто администрација оцени дека членството на оваа земја во Алијансата е од голем интерес за Вашингтон.

Американскиот Сенат ѝ одобри влез на Црна Гора во НАТО. Резолуцијата е усвоена со огромно мнозинство од двете партии.

За завршување на процедурата за ратификација на протоколот е потребен потпис од претседателот Доналд Трамп чијашто администрација оцени дека членството на оваа земја во Алијансата е од голем интерес за Вашингтон.

По потписот на Трамп, процедурата за верификација треба да ја завршат и институциите во Шпанија и Холандија.