Поповски: Македонија ќе извезува говедско месо во ЕУ

29.03.2017 12:18

Веќе има информации дека странски компании се заинтересирани за влез во примарното производство.

Македонија и официјално е ставена на листата земји кои може да извезуваат свежо говедско месо во Европската унија, соопшти директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Зоран Поповски. Како што рече, ова значи освојување нови пазари, но и шанса повеќе за реализирање нови домашни и странски инвестиции во секторот.

Од 7-ми март, кога Македонија е и официјално ставена на листата, нашите компании од месната индустрија и кланиците може да извезуваат говедско не само во земјите на ЕУ, туку и во трети земји. Ова значи освојување нови пазари, но и шанса повеќе за реализирање нови домашни и странски инвестиции во секторот, истакна Поповски.

Веќе има информации дека странски компании се заинтересирани за влез во примарното производство.

Бројот на говеда во земјава се зголемува. Се увезуваат се повеќе високопродуктивни млечни раси, а ова е можност да се зголемат и висококвалитетните товни раси. Потенцијалот е огромен, потенцира Поповски.