Се запали авион на „Перу Ерлајнс“, нема повредени

29.03.2017 12:28

Според патниците, пилотот ја загубил контролата, па слетал и избувнал пожар. Менаџментот на авиокомпанијата тврди дека авионот не се урнал туку бил опожарен откако се приземјил.

Авионот „Боинг 737“ на авиокомпанија „Перу Ерлајнс“, со 141 патник, се запали и се лизна од пистата по слетувањето на аеродромот „Франциско Карле“. Нема информации за повредени или загинати.

Според патниците, пилотот ја загубил контролата, па слетал и избувнал пожар. Менаџментот на авиокомпанијата тврди дека авионот не се урнал туку бил опожарен откако се  приземјил.

Според Министерството за транспорт и врски на Перу, авионот се запалил како резултат на „присилно слетување“.