Габриел: Степенот на неизвесност е голема опасност

29.03.2017 13:08

Сметам дека е потребно уште еднаш да се побара од македонскиот претседател и од парламентарните партии сега да овозможат формирање влада, и да и стават крај на блокадата...

Германскиот министер за надворешни работи, Зигмар Габриел, ја коментираше состојбата во Македонија. За земјава разговарал со својот шпански колега.

„Заедничка ни е грижата за развојот на Западен Балкан, пред сѐ, на ПЈР Македонија. Сметам дека е потребно уште еднаш да се побара од македонскиот претседател и од парламентарните партии сега да овозможат формирање влада, и да и стават крај на блокадата. Постои парламентарно мнозинство во Собранието, кое се оформи после изборите и врз основа на изборите. Степенот на неизвесност, кој моментално го имаме, и при кој повторно се будат старите емоции, е голема опасност“, предупредил Габриел.