Пронајдено оружје во џамија во североисточна Грција

29.03.2017 14:07

Според весникот„Катимерини“ локалните безбедносни служби добиле информација за скриено оружје во џамија во селото Илиопетра во општината Топеирос.

Властите во местото Ксанти во североисточна Грција, од вчера се во состојба на зголемена готовност, откако во џамија во село во близина на турската граница биле пронајдени две пушки и муниција.

Според весникот„Катимерини“ локалните безбедносни служби добиле информација за скриено оружје во џамија во селото Илиопетра во општината Топеирос.

Имамот кој бил задолжен за џамијата, бил веднаш уапсен под обвинение за нелегално поседување пиштол и се очекува да се појави пред локален обвинител, а врз запленетото оружје ќе се спроведе балистичко тестирање.