Форум за работата и работните места во иднината
Дебата за предизвиците што стојат пред Македонија, како и колку политичката ситуација влијае на отворањето нови работни места. Според министерот за труд и социјална политика Ибрахими, државава изминатиот период покажа добри резултати во делот на креирањето на работни места и во зачувувањето на макроекономската стабилност.

Синдикалците прават пресметки- како промените кои ги носи напредокот на телекомуникациите и на интернетот ќе влијаат врз работните места и дали ќе дојде до процес на отпушање работници. Бараат стандардни работни односи, бидејќи е сѐ поголем бројот на оние кои имаат нестандардни работни места.
Работодавачите бараат да издвојуваат повеќе пари од буџетот за наука и за истражување.
Од Меѓународната организација на трудот бараат надлежните уште отсега да се вклучат во расправата за тоа кои ќе бидат двигателите на промените во светот на работата во идниот период.
Министерот за труд и социјална политика се надева дека ќе продолжи да се намалува невработеноста, иако смета дека клучен предизвик за земјава е да се надмине политичката криза.
Ехнолошките промени, губење и создавање работни места, нови видови работни односи, соочување со несигурноста на работата, заштита на трудот, нееднаквоста се само дел од предизвиците со коишто се соочува и нашата земја.
Ана Јосифоска- Тодоровска
