Уставниот суд ја одложи расправата за прислушувањето

29.03.2017 14:48

ричина за ваквата одлука, како што беше истакнато, е обемниот материјал доставен во прилог на иницијативата.

Уставните судии ja одложија првата точка од дневниот ред што се однесува на иницијативата за оценување на уставноста и на законитоста на контроверзниот член 175 од Законот за електронски комуникации. За ова уставните судии ќе расправаат на една од наредните две седници. Причина за ваквата одлука, како што беше истакнато, е обемниот материјал доставен во прилог на иницијативата.

Инаку, членот 175 од Законот за електронски комуникации донесен со измените во 2014 година, предвидува телекомуникациските оператори во земјава „да ги обезбедат сите неопходни технички услови за да овозможат следење на комуникациите во нивните мрежи“. Воедно никаде не се споменува дека следењето се врши со „судски налог“.

Иницијативата за разгледување на уставноста и на законитоста на овој член е поднесена во 2015-та година, односно истата година кога сдсм почна со објавување на разговори од незаконското следење на комуникациите, т.н. „бомби“.