Туск идната недела во посета на Македонија

29.03.2017 16:11

Според дипломатски извори, повод за посетата на Туск на земјава е мигрантската криза, но и политичката состојба.

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, идната недела ќе ја посети Македонија- пренесува Македонската информативна агенција. Агенцијата се повикува на дипломатски извори, според кои, повод за посетата на Туск на земјава е мигрантската криза, но и политичката состојба.

Првиот човек на Советот доаѓа во државава во услови на зголемени тензии меѓу Анкара и Брисел и сѐ поострите закани за прекин на договорот за мигрантите.

За две години, ова ќе биде трета посета на Доналд Туск на Република Македонија.