Собранието ќе ја продолжи конститутивната седница

30.03.2017 08:29

Во текот на седницата вчера пратениците од ВМРО-ДПМНE ги повторија барањата, јасно да се каже што е договорено со ДУИ, како и за откажување од тиранската платформа.

Собранието на Република Македонија денеска ќе ја продолжи конститутивната седница на која се дебатира за избор на претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата.

Во текот на седницата вчера пратениците од ВМРО-ДПМНE ги повторија барањата, јасно да се каже што е договорено со ДУИ, како и за откажување од тиранската платформа. Потенцираа дека единствен излез од политичката криза е одржување предвремени парламентарни избори заедно со локалните.

Пратениците од СДСМ, пак, побараа да се престане со кршење на Деловникот и на злоупотребата на институтот за процедурални забелешки. Посочија дека дебатата треба да се фокусира на точката на дневниот ред и да се остави за секое прашање да се дебатира кога ќе дојде време за тоа.

51 пратеник е пријавен за дискусија. Досега правото на збор го искористиле тројца пратеници.