И по 110 години погромот не се заборава

09.02.2014 23:53

Жителите на струмичко Куклиш одбележаа 110 години од палењето на селото од турската војска. Селаните ги раскажуваат преданијата за трагедијата, во која според историските списи загинале 38 селани, меѓу кои и жена и дете, имало силувани жени, а 64 куќи од вкупно 105 колку што имало биле изгорени до темел. Една куклишанка вели дека во пожарот ги изгубила двајцата дедовци.

-Тој не избегал, за да остане да ја чува куќата. Кога се вратиле го нашле изгорен. Го собирале парче по парче, тоа го знам, го слушав и од баба и од татко ми. Тој тука е закопан. А татко му, е тогаш отепан, ама никој не знае каде е, раскажува жителка на Куклиш.

Според пишувањата на историчарите на трети февруари 1904-та година војводата Крсто Ѓоргиев Новоселски со својата петнаесетчлена чета слегол во селото. Предаден против него се упатил башибозук од Струмица. Меѓутоа со помош на селаните, и по целодневна битка, четата успеала да побегне. Како одмазда за неуспешно завршената работа, турската војска почнала со палење, плачкосување на селото. Тука постојат и други преданија за трагедијата.

- Доаѓале од Струмица, девојки муслиманки и се фалеле дека во Куклиш има многу убави градини, кукли. И од љубомора, турските власти наредиле големо злосторство, да се запали селото, вели попот во Куклиш.

Веќе 10 години Куклишани се собираат во спомен костурницата за да му оддадат почит на загинатите во големиот пожар.

Катерина Дафчева