„Херитиџ“ се приклучи на барањата за истрага на Американската амбасада во Македонија
Фондацијата „Херитиџ“ од Вашингон се приклучи на барањата за истрага на Американската амбасада во Македонија, на активностите на амбасадорот Бејли и на нејзината соработка со милијардерот Сорос. Експерти на „Џеритиџ“ бараат Стејт департметот и Конгресот да спроведат темелна истрага...
Влијанието на Џорџ Сорос и неговата фондација „Отворено општество“ на американската надворешна политика е алармантна за сенаторите, пишува весникот „Дејли сигнал“ на фондацијата „Херитиџ“ во Вашингтон. Во Статијата се наведува дека шест сенатори и „Џудишал воч“ побараа истрага за Сорос во Македонија.
Авторот Хејл Деил наведува дека државниот секретар Тилерсон треба да истражи како долари од американските даночни обврзници преку УСАИД биле дадени на Сорос за да ги донира за левичарски организации во Македонија. Агендата на Сорос беше во хармонија со администрацијата на Обама, но во странство предизвика негативни реакции во мала европска конзервативна држава како Македонија што одат во полза само на Путин и Сорос, пишува „Дејли сигнал“.
Експертот на фондацијата „Херитиџ“ Мајк Гонзалес во најновиот извештај бара Стејт Департментот и Конгресот да спроведат истрага за УСАИД и Сорос и нивната промоција на радикална агенда во странство. Постојат цврсти докази дека за времето на Обама, УСАИД промовирала контроверзни политики во странство што не се во интерес на САД во партнерство со Џорџ Сорос, мешајќи се во внатрешните работи на држави од Ирска до Македонија, Африка и Централна Америка.
Во проамериканската и прозападна Македонија, Американската амбасада и УСАИД придонесоа за длабоката политичка криза, оценува Гонзалез барајќи администрацијата на Доналд Трамп да ја истражи соработката на Сорос со УСАИД и американските амбасади.
Фондацијата „Херитиџ“ е највлијателната невладина организација во Вашингтон поради блиските врски со администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.
Ирина Гелевска, постојан дописник од Вашингтон за МРТ
