Германскиот Бундестаг расправаше за состојбата во Македонија
Според она што го објавува „Дојче веле“, заклучено било дека ситуацијата е тешка и дека е неопходно посредништво за излез од кризата. Социјал- демократската партија побарала признавање на изборните резултати и брзо формирање влада, како и повлекување на одлуката на претседателот Иванов.

За состојбата во Македонија се расправа не само во македонското Собрание, туку и во германскиот Бундестаг, во Комисијата за европски прашања, но зад затворени врати.
Според она што го објавува „Дојче веле“, заклучено било дека ситуацијата е тешка и дека е неопходно посредништво за излез од кризата. Социјал- демократската партија побарала признавање на изборните резултати и брзо формирање влада, како и повлекување на одлуката на претседателот Иванов.
Јуратовиќ од оваа партија по седницата на Комисијата изјавил дека во Македонија се плашат од синдромот Санадер.
Торстен Фрај од Демохристијанската партија понудил поинакво решение. Сите партии да седнат на иста маса и да најдат решение. Тој за „Дојче веле“ изјавил- „мораме поинтензивно да се позанимаваме со регионот“.
