Мисалјовски на средби со „Туркиш Ерлајнс“ и ТАВ за авиолинија од Македонија до САД и Канада

30.03.2017 12:33

Ова, според Мисајловски, е можност за директна врска со прекуокеанските земји, со што ќе ги задоволат барањата на нашинците од дијаспората, а ќе се придонесе и за повеќе патници на македонските аеродроми.

Министерот за транспорт, Владо Мисајловски, на средби со првите луѓе на „Туркиш Ерлајнс“ и со менаџментот на ТАВ во Истанбул. Разговарано е за можноста за воспоставување интерконтинентални авиолинии од Македонија до САД и до Канада.

Ова, според Мисајловски, е можност за директна врска со прекуокеанските земји, со што ќе ги задоволат барањата на нашинците од дијаспората, а ќе се придонесе и за повеќе патници на македонските аеродроми.

Според податоците на „ТАВ Македонија“, во првите два месеца од годинава има раст на бројот на патници од 9 проценти.