Соработка на американските и македонските информатичари
10.02.2014 09:44
Почнувајќи од септември, 15 студенти годишно од државите членки на Организацијата на Американски држави ќе можат да студираат информатичка наука и технологија на Универзитетот „Свети Апостол Павле„ во Охрид.

При потппишување на договорот во Вашингтон, секретарот на Организацијата на Американски држави - Хозе Мануел Индулза, изјави дека би сакал да ја посети Македонија заедно со студентите.
-„Ќе имаме студенти од земјите членки на оваа организација. Тоа се земјите од Северна и Јужна Америка. Ова ќе придонесе за зајакнување на контактите меѓу младите студенти од Македонија и од овие земји, и се надеваме дека во иднина ќе пидонсе и за зголемување на бизнис релациите меѓу Македонија и земјите од Северна и Јужна Америка.„ Зоран Јолевски-амбасадор на Република Македонија во САД
Студентите од американските држави ќе добијат стипендија за 4 години студирање во Македонија и диплома по завршувањето на студиите. Во наредните 5 години колку што трае договорот, во Охрид може да има околу 60-тина американски студенти. Македонски студенти, пак можат да одат на размена по еден или два семетра на универзитет во американската сојузна држава Вермонт, а наскоро и на стоматолошкиот факултет во Тенеси.
-„Така што веќе имаме размена на студенти со универзитетот Норвич од Вермонт. Наши студенти три години доаѓаат во Америка да поминат еден семестар на овој универзитет, минатите две години исто така имаа и заеднички часови по безбедност на интернет мрежите.„ Зоран Јолевски-амбасадор на Република Македонија во САД
Во тек е конкурс за избор на првите студенти коишто од септември ќе студираат информатика во Охрид.
„Во Организацијата на Америакнските држави членуваат 35 земји од Северна, Централа и Јужна Америка. Македонија е земја набљудувач од минатата година.„
