Бизнис конфедерација: Што поскоро да заврши политичката криза
Бизнис конфедерацијата одбележа 15 години од основањето и испрати порака- политичката криза да заврши за заеднички да се креира економската политика на земјава. Оттаму објаснуваат дека на компаниите им е неопходна правна сигурност. Главни проблеми остануваат пристапот до финансии, нелојалната конкуренција, честото менување на регулативата.

Компаниите тактизираат, не реализираат инвестиции, бизнисот бара правна сигурнсот. Порачува, политичката криза да заврши, да се донесат нови мерки за подбрување на бинзис- климата во државава. Од Бизнис конфедерацијата со став- пристапот до финансии, нелојалната конкуренција, со децении го поткопуваат претприемачкиот дух во земјава.
„Компаниите секогаш се во исчекување и тактизираат кога станува збор особено за новите инвестиции. Очекуваме дека политичката криза наскоро ќе заврши за да можеме заедно и здружено да ја креираме новата економска политика. Она што се уште претставува проблем за водењето бизнис е пристапот до финансии, честото менување на законската регулатива, слабата претприемачка култура и нелојалната конкуренција“, вели Миле Бошков, претседател на Бизнис конфедерација на работодавачи.
Направени се бројни реформи, преземени се мерки и активности за намалување на трошоците, скратување на процедурите, повеќе финансиски институции го забележуваат напредокот. „Дуинг бизнис“ ја рангираше Македонија меѓу десетте најдобри економии, сите постигнувања се во континуиран дијалог со стопанствениците- убедуваат од владата.
Само економски политики донесени со консензус се ефикасни, трипартитивниот дијалог е сигурен рецепт за успех на многу економии- сугерира Меѓународната орагнизација на труд.
„Политиките, стандардите се поефективни ако се постигнати со консензус меѓу владата од една страна и претставниците од работодавачите од друга страна. Го поттикнуваме тој партитивен договор за да се дојде до ситуација каде полтиките, законите, програмите бидат оние вистинските и успешни“, посочи Антонио Грациози, претседател на Меѓународната организација на труд.
Развивање партнерски одности, континуирани релации, градење доверба и учество во креирање на економските политики. Бизнис конфедерацијата со 8.550 компании во 13 деловни здруженија одбележа 15 годишниот јубилеј. Доделени благодарници и плакети за соработниците.
Сузана Фиданска- Стоевска
