Зголемен извозот на македонските вина

10.02.2014 10:33

Лани се зголеми продажбата на флаширано вино во странство...

Лани се зголеми продажбата на флаширано вино во странство. Со извезени 16,5 милиони литри  во Германија,Русија и во Кина 2013 беше рекордна година.

Се исполнуваат квотите за извоз на флашираното вино од Македонија. Лани беа испорачани 16,5 милиони литри или три пати поголеми количества од претходните години.

Зголемувањето на продажбата на вино е во Германија, Русија и Кина каде што имаме организирани заеднички настапи.

За поголемот пласман во прилог се  и поголемата побарувачка  на вино  и  падот на производството во светот.

Винарските визби во 2012 година имале недостиг од 300 милиони литри вино во амбалажа, што е најголем дефицит последниве 50 години.

4-пати поголема е и побарувачката на  американскиот и на кинескиот вински пазар. Според предвидувањата производството и натаму ќе се намалува, а цените зголемуваат.

 

Методија Трајков