Мало производство на сончоглед
Сончогледот сѐ уште е минимално застапен на македонските ниви иако дава добри приноси во услови на наводнување и има сигурен откуп. Земјоделците најчесто ја избегнуваат оваа култура поради проблемот со ниската откупна цена.

И покрај сигурен пласманот земјоделците не се решаваат да го зголемат производство на сончоглед. Преработувачите кои произведуваат масло за јадење тешко ги стимулираат фармерите да ја одгледуваат оваа индустриска култура со висок просечениот принос од 1,8 тони по хектар кој е еднаков со европскиот.
Во Македонија најголеми количества што досега биле откупени изнесуваат скоро 7.000, а годишните потребите се од 50.000 до 60.000 тони.
Преработувачите сметаат дека има место за попоголема застапеност на сончогледот на необработеното земјоделско земјиште и со неопходната смена на културите.
Обезбедувањето на домашна суровина ќе ја стабилизира и цената на маслото за јадење кое зависи од странските берзи.
Најголеми европски производители на сончоглед се Бугарија, Србија, Романијаи и Украина кои ја диктираат и откупната цена во Македонија.
Методија Трајков
