Одбележување на денот на Првата механизирана пешадиска бригада
Бригадата е најголема борбена единица во чии редови се наоѓаат припадници на Армијата од повеќе родови. Препознатлива е по досегашните борбени искуства и учество во мировните мисии во Авганистан и во Ирак
Во касарната „Страшо Пинџур“ со воена свеченост ќе биде одбележан Денот на Првата механизирана пешадиска бригада на АРМ.
Бригадата е најголема борбена единица во чии редови се наоѓаат припадници на Армијата од повеќе родови. Препознатлива е по досегашните борбени искуства и учество во мировните мисии во Авганистан и во Ирак, реализираните вежбовни активности и високите резултати од оценувањата.
Со одлука на претседателот, за Ден на Првата механизирана пешадиска бригада е одреден 2-ри април, датум на кој единицата е трансформирана според новата организациско- формациска структура на АРМ.
