„За заедничка Македонија“ продолжува со протести

31.03.2017 10:51

Организаторите ги повикаа граѓаните да продолжат со маршевите, бидејќи само така ќе дојдат до победа и до исполнување на барањата.

Втор месец од протестите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“. Не се отстапува од барањата- отфрлање на платформата од Тирана и зачувување на унитарноста на државата.

Организаторите ги повикаа граѓаните да продолжат со маршевите, бидејќи само така ќе дојдат до победа и до исполнување на барањата. Како што велат, тоа што сѐ уште не е избран претседател на Собранието и не е формирана Влада, е благодарение на масовноста низ улиците во државата.