Нов МЦТ часовник
31.03.2017 10:59
Станува збор за часовник, што е базиран на скај-фај куќиште и има пречник од 43 милиметри во кој е додаден дигитален индикатор под бројчаникот.
Швајцарскиот луксузен бренд за часовници МЦТ ќе го лансира на пазарот новиот врвен „МЦТ Додекал Уан Д110“.
Станува збор за часовник, што е базиран на скај-фај куќиште и има пречник од 43 милиметри во кој е додаден дигитален индикатор под бројчаникот. Покрај тоа, овој модел е совршен механички часовни.
Титаниумската верзија од овој часовник ќе биде по цена од 51.373 евра, додека комбинацијата од титаниум и розе злато ќе чини 56.978 евра.
