„Децата на Сонцето “ на Берлинале
10.02.2014 10:38
„Децата на Сонцето“ се појави на пазарот на престижниот германски филмски фестивал во Берлин.

„Децата на Сонцето“ се појави на пазарот на престижниот германски филмски фестивал во Берлин. Целта на режисерот Антонио Митриќески е дистрибуција на филмот во Европа и во САД. Македонските филмаџии се во потрага и по копродуценти за најновиот проект „Цар Самоил“ кој треба да биде филмски спектакл и за кој има заинтересирани продуценти од повеќе европски земји, како и од Америка.
