Вработените во Југохром со писмо до Димитриев- бараат да се рестартира комбинатот

31.03.2017 11:42

Фабриката ќе згасне засекогаш, бидејќи во април истекува рокот за забрана на работата на Југохром и има опоасност од одземање на А-интегрираната еколошка дозвола...

Синдикатот на вработените во Југохром со писмо до премиерот Димитриев бараат да се донесе одлука за рестартирање на работата на Комбинатот.

Во спротивно велат, фабриката ќе згасне засекогаш, бидејќи во април истекува рокот за забрана на работата на Југохром и има опоасност од одземање на А-интегрираната еколошка дозвола.

Со тоа како што му пишуваат на премиерот, тој и владата директно ќе бидат одговорни за затворањето на комбинатот.