Тетово: Се врши увид во фабриката каде што се затруле работниците
Утрово од страна на тетовската клиничка болница во СВР Тетово било пријавено дека во болницата се донесени над 200 затруени лица, вработени во фирмата. Според првичните сознанија лицата се затруле најверојатно од храната што ја консумирале околу еден часот по полноќ, додека два часа подоцна ги почувствувале првите симптоми...

Јавен обвинител од тетовското Јавно обвинителство и полицијата вршат увид во „Леар“ каде што биле затруени најверојатно од храна, околу 220 вработени во фирмата, информираат од Обвинителството. Според првичните сознанија, лицата се затруле најверојатно од храната што ја консумирале околу еден часот по полноќ, додека два часа подоцна ги почувствувале првите симптоми, стои во дописот.
Утрово од страна на тетовската клиничка болница во СВР Тетово било пријавено дека во болницата се донесени над 200 затруени лица, вработени во фирмата. Според првичните сознанија лицата се затруле најверојатно од храната што ја консумирале околу еден часот по полноќ, додека два часа подоцна ги почувствувале првите симптоми, се жалеле на болки во стомакот, повраќање и вртоглавица, соопштуваат од Јавното обвинителство на РМ.
Повеќето од затруените лица се задржани во тетовската, а дел се префрлени во гостиварската болница, за укажување на соодветна лекарска помош.
