Продолжи собраниската конститутивна седница
ВМРО-ДПМНE бара отфрлање на Тиранската платформа или распишување нови парламентарни избори заедно со локалните. Од СДСМ со став- треба да се избере претседател на Собранието, а со репликите и контрарепликите се крши деловникот.

Петти ден собраниска расправа за избор на претседател и членови на комисијата за избори и именувањата.
ВМРО-ДПМНE бара отфрлање на Тиранската платформа или распишување нови парламентарни избори заедно со локалните. Од СДСМ со став- треба да се избере претседател на Собранието, а со репликите и контрарепликите се крши деловникот.
Албанските партии, пак, уште еднаш повторија дека платформата воопшто не е тиранска, туку е нивен заеднички документ кој произлегува од барањата на албанскиот народ во Македонија.
По предлог на Крсте Мукоски од ВМРО-ДПМНЕ, претседавачот со седницата Трајко Вељаноски даде кратка пауза од 10 до 15 минути, време за кое пратениците треба да се договорат и искоординираат во кој правец ќе се движи дебатата.
