Дебата на 60 новинари- истражувачи и активисти за мигрантската криза
60- тина млади истражувачи новинари и активисти на Младинскиот форум за претставување на бегалците во медиумите во Југоисточна Европа ќе ги споделат искуствата и ќе дебатираат за мигранстката криза. На форумот учествува и репортерката Ана Болт од Полска која со група млади луѓе во знак на поддршка на Мигрантите од Берлин тргнаа пеш за Алепо.

Мигрантската криза е едно од клучните прашања за Европа во моментов. Македонија се наоаѓа на главната рута. Полскиот амбасадор во земјава вели дека неговата држава не ја поддржува идејата за релокација на бегалците и мигрантите. Ставот на Вишеградската група и на Полска е дека проблемот треба да се решава во земјите засегнати од кризата. Потребен е дијалог по прашањето на миграцијата.
Иницијативата „Марш за Алепо“ која започна во Берлин, и на која се приклучиле над 3.000 луѓе од 27 земји од Европа, има за цел да се разберат ужасите на војната во Сирија. Една од учесничките е и Ана Албот од Полска. Таа со активистите до средината на август да пристигнат на турскосириската граница.
А, мигрантската криза медиумски се презентира само информативно велат од Младиинфо.
Младинскиот форум насловен „Бегалците и мигрантите во новите медиуми во Југоисточна и Централна Европа“ се одржува во организација на здружението Млади инфо.
Дијана Ценевска
