Петти ден собраниска расправа
Петти ден собраниска расправа за избор на претседател и членови на комисијата за избори и именувањата. ВМРО-ДПМНE бара отфрлање на Тиранската платформа или распишување нови парламентарни избори заедно со локалните. Од СДСМ со став- треба да се избере претседател на Собранието, а со репликите и контрарепликите се крши деловникот.

Процедуралните забелешки наспроти репликите доминираат на петтиот ден од продолжението на конститутивната седница на која треба да се изберат членовите на Комисијата за избори и именувања. ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека Социјал- демократите отворено треба да кажат што сѐ прифатиле за да коалицираат со ДУИ.
Тиранската платформа, велат пратениците, води кон растурање на државата. Социјал- демократите, пак, велат дека имаат програма за работа на владата и треба веднаш да се изберат членовите на Комисијата.
Покрај точката на дневен ред, на седницата се говореше и за повеќе теми. Под процедурална забелешка пратениците си одговараа на меѓусебните прозивки.
Собраниската дебата за избор на членовите на комисијата за избори и именувања продолжува.
Миле Ристески
