Бангуи: Судир меѓу христијаните и муслиманите

10.02.2014 10:47

Најмалку единаесет луѓе загинаа во судирите меѓу христијаните и муслиманите во Бенгаи во Централноафриканската Република.

Најмалку единаесет луѓе загинаа во судирите меѓу христијаните и муслиманите во  Бангуи во Централноафриканската Република. Меѓу загинатите има и еден пратеник. Централноафриканската Лига за заштита на човековите права соопшти дека судирите  во последниот период се се почести и повикаа на помирување на двете страни. Медиумите јавуваат дека се врши геноцид врз муслиманите. Во земјата треба да пристигнат европските мировници кои ќе ги предводи Франција.
 
Босна
Триесетината демонстранти кои беа уапсени во петокот во Сараево, за време на  големите нереди, се пуштени на слобода. Притворените биле  ослободувани во група, а против десетмина ќе биде покрената кривична пријава. Момчињата  ја обвинија полицијата за бруталност и малтретирање. Демонстрантите и за денеска најавија масовни протести во повеќе градови низ земјата , а во знак на подршка и во Белград денеска ќе бида организирани собири.  И во соседните Србија и Хрватска се поставува прашањето што се случува во Босна и Херцеговина. Хрватскиот премиер Милановиќ беше во Мостар што не наиде на одобрување кај Владата во Сараево, како и за средбата на Додик со Вучиќ во Белград. 
 
Колумбија
Несреќа и во Колумбијa, при што седум луѓе загинаа, а 26 се повредени во сообраќајката во близина на градот Невиа во Колумбија. Еден Германец е во критична состојба. Автобус полн со патници изгубил контрола и удрил во бандера. Се уште не се познати причините за несреќата, но како можна причина се наведува неприлагодената брзина со која се движело возилото.  
 
Грција
Запалена наплатна рампа источно од Атина. Петстотини грчки возачи револтирани од зголемувањето  на магистралните такси во знак на протест предизвикаа инцидент. Возачите запалиле автомобилски гуми и скандираа антивладини пароли.  
 
Австралија
Големи пожари во југоисточните делови на Австралија. Над 37 огнени стихии се надвор од контрола и се опасност за населбите во близина на Мелбурн, изјави претставник на противпожарната служба. Еден пожарникар го загуби животот во борбата со пламените јазици, а над дваесет домови  се целосно уништени. Високата температура и ветерот  го отежнува гаснењето.
 
Марија Петковска