Старџен официјално побара од Лондон дозвола за референдум за независност на Шкотска

31.03.2017 15:08

Шкотските власти го актуализираа прашањето за нов референдум за незвисност, откако на изјаснувањето за Брегзит минатата година, големо мнозинство од жителите на Шкотска беа за останување на земјата во ЕУ...

Шкотската прва министерка Никола Страџен денеска официјално побара од британската премиерка Тереза Меј да дозволи организирање втор референдум за независност на Шкотска, пред завршување на процесот за излез на Велика Британија од ЕУ.

Шкотските власти го актуализираа прашањето за нов референдум за незвисност, откако на изјаснувањето за Брегзит минатата година, големо мнозинство од жителите на Шкотска беа за останување на земјата во ЕУ, иако на ниво на цела Велика Британија мнозинството гласачи се изјаснија за излез од Унијата.

Барањето на Старџен успеди откако шкотскиот Парламент во вторникот се изјасни за одржување нов референдум за незвисност во есента 2018 или на почетокот на 2019 година.