Состанок на министрите за надворешни работи на земјите- членки на НАТО

31.03.2017 15:13

Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон учествуваше на првиот состанок на ниво на министрите за надворешни работи на членките на НАТО. Главни теми беа теористите, односот со Русија и финансирањето на одбраната се главни теми на презакажаната средба во белгиската престолнина.

Министрите за надворешни работи на НАТО го одржаа првиот состанок со американскиот државен секретар Рекс Тилерсон. Меѓу главните теми на дискусија беа борбата против тероризмот, трошоците за одбраната и односот со Русија. Тилерсон им порача на присутните дека САД ќе останат посветени на досегашните договори и нагласи дека Алијансата има капацитет да се брани себеси.

Имаме три важни области за разговор. Прво, да се осигураме дека НАТО ги има потребните ресурси, вклучувајќи ги и финансиските, за остварување на својата мисија. Второ, ќе дискутираме за начинот на кој можеме да ги надградиме борбата против Исламска држава, другите антитерористички акции и мировниот процес на Блискиот Исток. Трето, сакаме дискусија за позицијата на НАТО во Европа, особено во Источна Европа, како одговор на руската агресија во Украина“, изјави државниот секретар на САД, Рекс Тилерсон.

Тилерсон побара и зголемени фондови за НАТО во рамките на ЕУ на што се спротивстави неговиот германски колега Зигмар Габриел.

Состанокот беше првично закажан во почетокот на април, па поради тоа министерот за надворешни работи на Обединетото Кралство мораше да ја одложи посетата на Москва.

Дојдовме на важен настан, првиот состанок со Рекс Тилерсон. НАТО е најуспешната воена алијанса во историјата бидејќи постојано успева да се приспособува. Сега се соочуваме со нови предизвици од Русија која се враќа на сцената, правејќи бељи на Западен Балкан и на други места“, изјави Борис Џонсон, министер за надворешни работи на Обединетото Кралство.

Наредниот состанок на лидерите на земјите-членки на НАТО е закажан на 25 мај во Белгиската престолнина.

 

Маја Филдишев