Ден на Првата механизирана пешадиска бригада

31.03.2017 15:17

Во касарната „Страшо Пинџур“ со воена свеченост одбележан Денот на Првата механизирана пешадиска бригада на АРМ. Бригадата е најголема борбена единица во чии редови се наоѓаат припадници на Армијата од повеќе родови. Препознатлива е по досегашните борбени искуства и учество во мировните мисии во Авганистан и во Ирак, реализираните вежбовни активности и високите резултати од оценувањата.

Први на граничната линија за спречување на мигрантите нелегално да влезат во земјава. Беа во подрумите на поплавените жители од Стајковци и им беа на помош на граѓаните во гаснење на бесните пожари во пелагониско и светиниколско. Војниците од Првата механизирана пешадиска бригада го одбележаа Денот на единицата.

Припадници од најголемата борбена единица на АРМ учествувале во мировните мисии во Авганистан и во Ирак. Во нејзиниот состав како најуспешна за минатата година беше прогласена Минофрлачката батерија 120 мм од артилерискиот батаљон.

На свеченоста по повод Денот на Првата механизирана пешадиска бригада во касарната во Перовец беа изложени оружјето и опремата со која располага едининицата.

 

Анита Димитријевска